ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ

Им соопштува на своите членови старосни,семејни и војни пензионери дека уписот за свински половинки ќе започне на

10.11.2021 год.секој работен ден

од 11.00 до 14.00час.

Цената е 178ден/кг.

Плаќањето е на три рати.

Првата рата се плаќа со запишувањето а другите две во зависност од килограмите.

При уписот да се носи талон од пензија не постар од 2(два)месеци,лична карта и сертификат со примени две дози вакцина.

Во рамките на проектот „Грижа за зравјето на старите лица“, а со финансиска поддршка од Општина Битола од Програмата за социјална заштита за 2021 година, во просториите на Здружението на пензионери се одржа стручно предавање на тема „Остепороза, фактори на ризик за појавување и превенција , исхрана и вежбање“.

Предавањето го одржа специјалистот по интерна медицина и субспецијалист ревматолог Марија Налбанти. Претседателката на Здржението на пензионери од Битола, Даница Петличкова, пред присустните пензионери рече дека се одлучиле да организираат вакво предавање зашто воздрасните лица често оболуваат од оваа болест. За таа цел предавањето беше насочено за самозаштита , превенција и лекување на остеопоразата. На предавањето беа изнесени факторите на ризик, исхрана и вежбање за заштита од оваа болест.daNICA3

DANICA 4

                                   

Здружението на пензионери од Битола на 23.10. 2021 год со волнтерки-пензионерки организира хуманитарна акција за собирање на храна во маркетот ,,Тинех,, Битола 1 под мотото ,, Нахрани 10.000! Приклучи се! Донирај конзервирана и нерасиплива храна!“. Во рамки на акцијата беше собрана поголема количина храна која ја донираа купувачите.

Со потпишување на меморандумот за соработка од страна на Сојузот на здруженијата на пензионери на Република Северна Македонијаи и Здруженијата членки на Сојузот, Здружението на пензионери Битола пристапи кон соработка со граганската асоцијација ,,Ајде Македонијо“ со цел успешна имплементација на проектот ,,Одржлива мрежа за спасување на храна“.

Општата цел на оваа платформа е преку заемната соработка , разбирање и помош помеѓу договорените страни да се овозможи успешно проширување на системот за дистрибуција на вишок храна- ,,Сите сити“ и воспоставување на национална мрежа од граѓански организации, приватни бизниси и асоцијациии .

Храната ќе им биде поделена на пензионери, со ниски примања , болни и изнемоштени по завршување на локалните избори. Од Здружението на пензионери изразија благодарност до граѓаните- донатори, раководителот и вработените на маркетот ,,Тинех“ од Битола.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со градоначалничката, Наташа Петровска, го посетија Здружението на пензионери во Битола. Од страна на претседателката, Даница Петличкова, беа информирани за активностите што ова здружение ги спроведува меѓу своите членови.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани