АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Почна реконструкцијата на улицата „Македонска фаланга“ во Битола. Градоначалникот Тони Коњановски во својот отчет кажа дека Општина Битола е подготвена за реализација на проектот за реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици. За дел од нив веќе се склучени договори, а дел се во постапка за јавна набавка. На улицата „Солунска“, на следната делница веќе отпочнаа работни активности на терен за поставување на нова канализациона мрежа.
-Во понеделник започнуваат градежните активности на улицата „Македонска фаланга“. Постапно, оваа година ќе се работат и улиците „Булевар 1 ви Мај“, „Христо Узунов“, „Наум Наумовски Борче“, „7 ми јули“, „Крушевска Република“ во АРМ, „Стара чешма“, „16 та„, „Ѓорги Димитров“, АСНОМ, 28 ма, Вера Циривири Трена, Брегалница, Штипска, Бранислав Нушиќ, Сутјеска. Со градежни зафати ќе биде опфатена и патната мрежа во селата Логоварди, Дихово и Брусник. Паралелно работиме и проектна документација за други улици во урбаниот и руралниот дел на општината.