2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битола се развива по ГУП стар 23 години

Февруари 21, 2022

Битола има застарен Генерален урбанистички план (ГУП) кој не е обновен 23 години и не ги задоволува современите урбанистички потреби на градот. Недостига смирување на сообраќајниот метеж преку воведување еднонасочни сообраќајници, поради неплански градби невозможно е проширување на улиците, околните ридови кои некогаш беа рекреативни зони сега се преполни дивиградби, градот се празни, а згради никнуваат на секој чекор… Архитектите критикуваат дека стариот ГУП не може да понуди визија за понатамошен урбанистички равој на Битола.

 

„Тоа што не е донесен ГУП се одразува многу негативно, бидејќи прво со донесување закон за легализација на дивоградбите се потикнува дивото градење. Градот се проширува, се гради неплански, што има влијание врз квалитетот на живот. Не се добро проектирани, односно предвидени инфраструктурните инсталации, водовод, канализација и останатите, а со новите непланирани приклучоци се раскопуваат улиците за кои треба санација. Градот сообраќајно се решава парцијално без плански одредби или застарени, според некогашните правила и прописи. Тие што градат дивоградби не плаќаат комунални давачки кои се користат за изградба на нови улици. Не може да се понудат решенија за проширувањето на границите на градското подрачје, односно на каде ќе се развива градот“, велат архитекти од Битола.

 

Од Општината најавија дека годинава ќе почнат постапката за изработка на нов ГУП. Велат, актуелниот е работен врз анализи кои не кореспондираат со времето во кое се применува, поточно 20 години подоцна. Тој е димензиониран за демографска состојба, соообраќајни потреби, сопственички односи, стандарди на живеење различни од денешните.

 

„Актуелниот ГУП се темели на регулатива, стандарди и нормативи за урбанистичко планирање неприменливи во современ контекст. Основниот развоен документ на градот е во голем расчекор со целите за одржлив развој и останатите глобални развојни документи во сферата на урбанистичкото планирање’’, соопштија од Општината.

На прашањето кога ќе биде донесен, од Општината велат дека динамиката ќе биде согласно законската регулатива. Од Јавното претпријатие за урбанистичко планирање неодамна соопштија дека главна активност во тековната година ќе биде нацрт фазата за изработка на ГУП-от.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани