АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот Тони Коњановски денеска пред советниците на седница на Општинскиот Совет образложи до каде е постапката за реконструкција на мосто кај Безистенот. Тој рече дека се добиение дел од потребните документри, се чека уште еден, водостопанска согласност од Министерство за животна средина, по што ќе се поднесе барање за одобрение за градба.
-Во овој момент сите процедури кои се однесуваат на нашата надлежност се завршени во временски рок за кој немам замерки дека нешто се пролонгирало. Би сакал да напоменам дел од тие постапки. Добиено е мислење од Градежниот факултет за состојбата на Мостот, експресно е побарано такво мислење, по што екипа од Градежниот факултет ден потоа дојде на терен и ги согледа активностите., по што добивме и нивно стручно мислење. Распишавме тендер за проектант и изведувач, проектот е изработен, ревидиран и доставен до ИЗИС од каде е добиено позитивно мислење. Добиено е и конзерваторско мислење од Управата за заштита на културното наследство, а се чека водостопанска согласност од Министерството за животна средина каде сега е предметот, за на крај да може да се побара одобрение од Министерството за транспорт и врски. Министерот Бочварски кој беше присутен во Општината, не увери дека тоа експресно ќе се одвива и очекувам тоа така да биде., рече Коњановски.
Тој додаде дека ја разбира загриженоста на граѓаните и им се извини доколку се создаде метеж во сообраќајот, но рече дека кога ќе се добијат сите дозволи, мостот може да се изгради за 20 дена.
- Очекувам овие постапаки во државните институции да бидат завршени во краток временски период за да започнат активностите на терен, кои не би траеле повќе од дваесетина дена градба Граѓаните се загрижени зошто тоа толку се одолговлекува, за што напоменав повеќе пати дека правната регулатива беше тоа која требаше да се исполни во целост, за сето тоа да биде легално и во склад со законите. После тие 20 дена би следеле уште 28 дена за бетонската конструкција да ја добие својата цврстина, како што не информираат стручњаците. Тоа е тоа што може да се направи и е експресно направено. Знам дека граѓаните имаат проблеми во движењето, благодарам за нивната солидарност досега, се извинувам ако направи поголеми проблеми во одвивање на сообраќајот, додаде градоначалникот Тони Коњановски.