2win800x200

ЈП Комуналец со интензивни активности по невремето за време на викендот

Јули 04, 2022

За време на викендот, веднаш по невремето, кое беше проследено со големи врнежи од дожд и силен ветер, екипи на ЈП Комуналец Битола излегоа на терен, при што презедоа активности за расчистување на состојбата.

 
FB IMG 1656939404145
 
-При интервенцијата собрани беа преку 10м3 земја, наноси од неколку критични локации на раскрсница на ул.Партизанска со ул.АСНОМ, ул.Партизанска со ул.Стрчин, ул.Север-југ, кружните текови на ул.Партизанска со ул.Васко Карангелевски, кружен тек Црн мост. Силниот ветер, предизика последици на повеќе локации, при што екипите на ЈП Комуналец Битола, досега интервенираа на повеќе од 10 локации, каде што е извршено отстранување на паднати дрвја и гранки. Поголеми интервенции беа преземени во градскиот парк Саат кула ул.Анести Пановски, ул.Димитар И.Мурато, ул.Партизанска и ул.Лавчански пат, а особено на отстранување на штетите се работеше на Главниот градски парк, Шеталиштето и Тумбе кафе. 
Поради невремето, беа преземени и активности на дополнително метење на улиците со метларка, а во ноќните часови се изврши миење на главните улици со цистерна, информираат од ЈП Комуналец
 
FB IMG 1656939406517
 
Екипи од одделението за одржување на уличното осветлување за време на викендот на барање на граѓаните и по нивни пријави,  со цел решавање и на овие проблеми интервенираа на над 10 локации во Општина Битола.
 
FB IMG 1656939418972
 
 FB IMG 1656939426837
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани