АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Под влијание на циклонот Силвија, битолскиот регион вечерва го зафати големо невреме проследено со силен дожд и грмежи, а метеоролозите најавуваат дека нестабилно време ќе има до крајот на неделата.
Бран од врнежи имаше од Огражден кон запад и во дел од Пелагонија. Најмногу дожд наврна во Битола, Тетово и Претор.
Во првиот дел од ноќта ќе се задржат условите за нестабилност, а потоа ќе е мирно, а облачноста ќе се намалува. Ветерот ќе остане северен и ќе се смирува.
Според прогнозите, утре претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне повторно ќе има појава на повремен пороен дожд и грмежи. Слично време не очекува и во четврток.
В петок ќе започне да дува умерен до засилен северозападен ветер, а кон крајот на денот се очекува поизразена нестабилност со поројни врнежи и грмежи.
За време на викендот ќе биде значително посвежо со повремен лоаклен дожд.
Температурата во текот на утрешниот ден во Битола ќе се движи од 14 до 26 степени.