Шпекулација е дека ќе се гради камп за бегалци, демантира општината

Јуни 20, 2018

Општина Битола преку соопштение ги демантира гласините што се појавија во јавноста последниве денови, дека постои иницијатива за измена на ДУП поради изградба камп на бегалци и ги оценува како шпекулација

„Последниве денови од страна на поединци и одредени групи, низ социјалните мрежи се шират шпекулации и дезинформации за наводна иницијатива за измена на Детален урбанистички план, со кој се предвидува изградба на камп за бегалци во градот. Општина Битола, ја информира јавноста, дека тоа е чиста шпекулација, чии мотиви се познати само на оние, кои ја шират дезинформацијата и дека во општината нема пристигнато никаква иницијатива за измена на ДУП за изградба на камп за бегалци“, се вели во соопштението на Општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани