АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден 8 септември 1942
Кај село Лавци, Битолско, е формиран БИТОЛСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД "ЈАНЕ САНДАНСКИ". Беше именуван и како Народноослободителна партизанска чета. Изврши напад на бугарскиот екипаж кај железничката станица меѓу селата Српци-Беранци на 10 ноември 1942 година. Поделен по групи одржуваше политички митинзи по битолските и леринските села во зимата 1942/43 година, а потоа во март 1943 година беше припоен во составот на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“, со кој се префрли на костурско-леринското подрачје.