2win800x200

Коњановски се поклони пред споменикот на НОАВМ во Битола-31 година независна Македонија

Септември 08, 2022
По повод денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, денеска пред споменикот на НОАВМ во Битола, свежо цвеќе положија Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, претставници од Советот на општината, Сојузот на борци и политичките партии. Градоначалникот Коњановски, испрати честитка до сите граѓани на Република Македонија:
„На овој голем ден се потсетуваме на идејниот и борбен влог на секој поединец, на секој Македонец, кој години наназад сплотувајќи ја својата мудрост и храброст со своите сограѓани и соборци, давал личен придонес во создавањето на македонската држава. Борејќи се против окупаторските стеги и асимилаторските политики, нашиот народ, ја достигнал слободата, а пред 31 година, со референдумското ДА, како Македонци потврдивме дека нашата желба и заложба е да живееме во самостојна, суверена и независна, Република Македонија.
Денес, во ова тешко време, соочени со економски и политички предизвици, наша должност е да го сочуваме она за што се бореа генерации пред нас и преку заедништво и сплотеност, да создадеме подобра иднина за генерациите кои доаѓаат.
Зачувувајќи ги нашите идентитетски обележја, преку добро управување и градење пријателства, да работиме на Европските и светски перспективи, во економска, културна и политичка смисла.
НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ! НЕКА НИ Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА! ДА ЈА СОЧУВАМЕ САМОСТОЈНОСТА, СУВЕРЕНОСТА И НЕЗАВИСНОСТА НА НАШАТА ДРЖАВА!“, порача Коњановски.
Можно е да е слика од 5 луѓе, луѓе што стојат, споменик и надвор
Можно е да е слика од 9 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани