2win800x200

Во организација на МКЦ Битола реализиран настан за вмрежување на Локалните економско- социјални совети

Декември 28, 2022

Настанот за вмрежување на Локалните економско-социјални совети на тема „Социјалниот дијалог на локално ниво“ во организација на Младинскиот културен центар (МКЦ) од Битола, а финансиски поддржан од Меѓународниот центар „Олоф Палме“ од Шведска, на заедничка маса ги собра сите чинители и поттикнувачи на социјалниот дијалог во Република Северна Македонија. На панел дискусиите се разви плодна дискусија од страна на претставниците од Министерството за труд и социјална политика, Меѓународната организација на трудот, Организацијата на работодавачи, Сојузот на синдикати на Македонија, Конфедерацијата на работодавачи и претставници на Локалните економско- социјални совети (ЛЕСС). Средбата на која присусвуваа 42 учесници се одржа на 22 декември 2022 година во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје како дел од прокетот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“.

Присустните во името на организаторот, МКЦ- Битола, ги поздрави извршниот директор Златко Талевски кој посочи дека средбата е одлична можност за размена на мислења, презентација на добри практики и унапредување на соработката меѓу чинителите на социјалниот дијалог. Тој истакна дека МКЦ Битола како граѓанска организација има улога да поттикне дијалог за важни општествени и социјални прашања.

мкц2

ЛЕСС поактивни од националниот економско-социјален совет (ЕСС)

На првата панел дискусија „Улогата и ефектите од досегашната пракса на социјалниот дијалог на локално ниво“, Ленче Коцевска од Министерство за труд и социјална политика рече дека за градење на консензус и демократско вклучување на главните чинители од областа на трудот на национално ниво формиран е Економско-социјален совет како трипартитно тело со претставници од Владата и социјалните партнери. Како форум за водење на социјален дијалог преку своите седници, редовно расправа за најважните предлог закони, политики и мерки од областа на трудот.

„Направените анализи покажуваат дека улогата и видливоста на ЕСС од година во година добива се поголемо значење“, рече Коцевска.

Со ваквата констатација не се сложи Слободан Трендафилов од Сојузот на синдикати на Македонија. Тој рече дека наместо ЛЕСС да го следат работењето на ЕСС, тој го следи нивното работење. „Шест месеци не одржавме нити една седница што во услови на криза е несериозен пристап. За среќа сега почнавме да работиме. Но, ние од ССМ сакаме да им покажеме колку сериозно ги третираат партнерите во социјалниот дијалог, па, пред некој ден имаше седница на ЕСС на национално ниво, одлучивме да не присуствуваме “, рече Трендафилов.

лс4

Социјалниот дијалог функционира само ако сакаат креаторите на политиките

Во земјава постојат 15 Локални економско-социјални совети, најголем дел отворени со средства од меѓународни прокети. Трендафилов се пожали дека дел од канцелариите кои биле отворени со финансиски средства од проекти, се користат за други намени од локалните власти што е жално за развојот на социјалниот дијалог на локално ниво. „Веројатно градоначалниците сметаа дека тоа се само дополнително добро опремени канцеларии кои можат да ги користат за нивните потреби“, рече синдикалецот.

Трендафилов коментираше дека во Македонија социјалниот дијалог функционира само ако сакаат креаторите на политиките.

Мери Нашоку од МКЦ Битола, координатор на проектот, рече дека соработуваат со осум општини, сите ги исконтактирала за средбата, дополнително испратила покани до други општини и ЛЕСС кои не се вклучени во проектот, тие се одзваа на поканата и зедоа учество на настанот.

Во делот на говорници, покрај МТСП, ОРМ и ССМ, беа испратени покани и до три градоначалници од општините кои имаат формиран ЛЕСС, да присуствува се одзвал градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.

„Доколку има пасивни ЛЕСС и членови кои не се појауваат и не се активни, многу тешко оди постапката да се заменат и да се направи функцонален совет. Нашата улога е да се обноват мандатите на членовите и да ги поттикнеме локалната самоуправа и градоначалниците да го сфатат посериозно ова тело. Наидовме на позитивни реакции на градоначалниците од некои општини, а некаде пак каде добро функционирало ова тело сега нема интерес од страна на градоналниците и секретарите“, рече Нашоку.

лс3

Општина Гостивар има еден од првите формирани Локално економски-социјални совети уште од 2013 година, но како што запрела финансиската поддршка, активностите спаснале. Таравари рече дека пред две години била покрената иницијатива за возобновување на телото од невладини организации, меѓу кои АДИ и МКЦ Битола во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“.

ЛЕСС да влијаат врз образованите програми

Како еден од приоритетите кои ЛЕСС треба да си ги постават пред себе е намалување на јазот што постои помеѓу пазарот на трудот и потребите на бизнисот.

„Од една страна имаме недостиг на работна сила и од друга голем број невработени. Тоа се должи на јазот во образованието, нема усогласеност меѓу понудата и побарувачката. Она што се нуди како образование во општините не е тоа што го бараат работодавачите. ЛЕСС е местото каде треба да се дискутираат овие прашања“, рече Наташа Мечкароска-Симјановска од Меѓународната организација на трудот.

Во оваа насока кон дискусијата се приклучи и Светлана Ристевска- Антиќ од Организација на работодавачи на Македонија која истакна дека во ЛЕСС има голем простор да се прават анализи каков кадар им е поребен на стопанствениците, но и да се прилагодат наставните програми во стручните училишта. Да се направат и територијални договори за формирање на Центри за професионална ориентација во општините. Таа рече дека училиштата се̍ уште немаат вработени лица за професионална ориентација на учениците.

Успешни примери на ЛЕСС во државата

Во втората панел дискусија „Практиките на социјалниот дијалог на локално ниво: улогата и предизвиците во развојот на Локалните економско-социјални совети“ беше презентирана работата на Локалните економско- социјални совети од Битола, Струмица, Куманово, Ресен, Штип, Свети Николе, Тетово, Гостивар, Струга и Кичево.

лс5

Вистинско освежување беше присуството на двајца средношколци од битолскиот ЛЕСС, пример кој беше оценет позитивно од учесниците на средбата. „Ние младите сме вклучени во ЛЕСС, двајца сме членови од средношколската организавција. Доколку младите се вклучени во другите совети добро е да се вмрежиме“, рече Евгенија Маслинко, средношколка од Битола.

лс

Емилија Сарафска од Општина Битола истака дека една од целите на ЛЕСС е да им се отвори можноста на младите за вработување и да ги задржиме во родните места. Претседавач на ЛЕСС во Битола е избран од Организацијата на работодавачи. Имаат поддршка од Општината, но како што рече Сарафска, таа не го дава главниот збор. Исто така, напомена дека ЛЕСС Е главен и клучен партнер во изработка на стратегијата за локален економски развој. Претседателот на струмичкиот ЛЕСС Тони Милушев како понатамошна потреба го истакна поголемото вмрежување меѓу ЛЕСС во земјава. Ахмет Јашаровски од општина Куманово истакна дека како ЛЕСС имаат остварено на терен контакт со компаниите, средба со премиерот, форуми со бугарски компании за размена на искуства. Издејствувале скратување на постапката и да нема чекање при монтирањето на фотонапонски панели. Дејан Илиовски, секретар во ЛЕСС Кичево истакна дека успешен проект им е вработување на младите во бизнис секторот, анализа на пазарот на трудот, веб сајт, вмрежување со Свети Николе и Куманово. Претставниците од Локалниот економски-социјален совет во Тетово кажаа дека по нивна иницијатива спроведени се реформи во стручните училишта во Тетово. Успеале да отворат смерови кои се потребни на пазарот на трудот.

лс7

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани