И од ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола се огласија за најновите случувања поврзани со битолскиот Совет, од таму ги повикуваат советниците да не ја бојкотираат работата на Советот .
Согласно барањето на Градоначалникот на општина Битола за свикување на вонредна седница на Советот на општина Битола, согласно член 53 од Деловниот за работа на Советот на општина Битола советничката група ќе поднесе барање за одржување на вонредна седница и барање за одржување на редовна седница согласно програмата за работа на советот.
Ги повикуваме сите советнички групи во советот на општина Битола без оглед на политичката определеност да се приклучат кон барањето на
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата и да земат активно учество во работата на советот и да не бојкотираат бидејќи сите ние сме избрани да носиме одлуки во интерес на сите граѓани.
Битола повеќе нема време за губење пред нас е интензивна градежна сезона во која треба да бидат реализирани голем број на проекти и за кои треба да бидат донесени битни одлуки од Советот на општина Битола без кои не може да се реализираат.
Доста беше од политиканство и опструкции работата на советниците е во советот на општина Битола, а не по социјалните мрежи.
Доколку некој не сака да работи и сака да опструира тогаш неговото место не е во советот и треба да поднесе оставка.