Полициски службеници од СВР Битола со брза реакција на патот за Пелистер пронајдоа повозрасно исчезнато лице
Во текот на вчерашната вечер (16.05.2023), по добиена пријава во 21.11 часот од страна на 76-годишна жена, според која нејзиниот 78-годишен сопруг, кој имал здравствени проблеми, во 13.00 часот излегол од нивниот дом во Битола и не се вратил дома, од страна на полициски службеници од СВР Битола веднаш се преземени мерки за негово пронаоѓање.
Во текот на потрагата извршено е пребарување на поширок периметар во и околу Битола и за два и пол часа од добиената пријава, поточно во 23.45 часот, на патот Битола - Пелистер, поконкретно на патот за с.Нижеполе, лицето е пронајдено во добра здравствена состојба и безбедно вратено во домот.