2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолската болница набави нов борер за операционата сала на Одделението за ортопедија

Јули 19, 2018

Нов борер за операционата сала на Одделението за ортопедска хирургија и травматологија набави менаџерскиот тим на Клиничката болница од Битола со сопствени средства. Новиот борер за работа веќе пристигна на Оделението и со него се замени постоечкиот кој беше стар повеќе од 30 години, безброј пати поправан, со што стана несигурен и ризичен како за пациентите така и за операторот.

 

„Новиот електричен борер на фирмата Zimmer е современ, прецизен и лесен за работа, со што се скратува времетраењето на операциите и го подобрува квалитетот на работа. Во склоп на истиот има додатоци за пили, бургии, киршнерови игли, римери и друго, со што безбедно и по највисок светски стандард ќе бидат изведувани травматолошките и ортопедските операции.Веруваме дека со големата ангажираност на менаџерскиот тим и со подобрување на квалитетот на работа на тимот во Ортопедија наскоро ќе го вратиме високиот рејтинг кој го имаше ова одделение, а со тоа и довербата кај пациентите“, изјави портпаролката на Клиничка болница, Сузана Конеска.37423005 2049609888690783 7598000942822195200 n

37347272 2049609822024123 5415485892288577536 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани