2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

По капиталниот ремонт, првиот блок на РЕК Битола е вратен во производтство

Јули 25, 2018

По 75 дневен капитален ремонт, првиот блок во РЕК-Битола, од денеска повторно е ставен во функција, информираат од комбинатот.

„Во утринските часови, постројката беше синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем и ги испорача првите количини електрична енергија по пауза од два и пол месец“, се наведува во соопштението од АД ЕЛЕМ, подружница РЕК-Битола.

По капиталниот ремонт на првиот блок  на Термоелектраната Битола, започнуваат ремонтни активности на вториот блок кои ќе траат до 10 септември, а ремонт на третиот блок на РЕК Битола предвидено е да се реализира од 10 септември до 15 октомври. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани