АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во населбата „Златен рид“ се изведуваат градежни активности на вкупно 5 улици во АРМ 1 и АРМ 2, кои треба да ги поврзат станбените и индивидуалните објекти со градската улична инфраструктура, информираат од Општина Битола.
Интензивните градежни активности и изградбата на овие улици ќе го решат проблемт на жителите во изградените објекти во поранешнта битолска касарна, кои иако платиле комуналии, досега ја немаа потребната инфраструктура
„Проблемот со кој се соочуваа инвеститорите во минатото, со веќе платените средства за комунални услуги, без истите да им бидат испорачани, се надминуваат со домаќинско работење од страна на Општина Битола. Исто така го решаваме проблемот и на самите жители во објектите, кои уредно си платиле за вселување во станбените објекти и веќе живеат тука, а немаат соодветно инфраструктурно поврзување“, посочи градоначалничката Наташа Петровска.
Вкупната должина на улиците е 1700 метри. Дел од нив се во завршна фаза и се подготвуваат за асфалтирање, додека во дел од улиците на терен се поставува атмосферска канализација во должина од 466 метри, водоводната канализација во должина од 1333 метри и улично осветлување во должина од 1700 метри. Затворен е и горливиот проблем со каналот, така што на истиот сега се вршат градежни работи за поврзување АРМ 1 со АРМ 2.
Од Општина Битола посочуваат дека градежната сезона во АРМ 1 и АРМ 2 максимално ќе биде искористена, со цел да им се излезе во пресрет на жителите да добијат комплета инфраструктурата во касарната.