АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 04.03.2024 во 23.50 часот на ул.„Нико Фундали” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.И.(39) од Битола. Имено, околу 23.35 часот на ул.„Васко Карангелевски“ полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола дале знак за запирање на возило „тојота рав 4“, кое го управувал пријавениот, но возилото продолжило со движење. Полициските службеници со службено возило го следеле и откако влегле во подземна гаража од станбена зграда, Д.И. ја затворил вратата и не сакал да ја отвори. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
Објавено од А.Б