2win800x200

60 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА МИЛТОН МАНАКИ

Март 05, 2024

Денес се навршуваат 60 години од смртта на првиот филмски снимател на Балканот, Милтон Манаки. Во негова чест, на Влашките гробишта во Битола, свежо цвеќе положија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претставници од Советот на општината, како и други делегации, претставници на конзуларни претставништва, вљубеници во филмската уметност и други гости.

Организатори на чествувањето се Кино – видео клуб ,,Студио Милтон Манаки " од Битола и Комуната на Власите армните ,,Браќа Манаки", со поддршка општината и градоначалникот.

Оддавањето почит кон Браќата Манаки, продолжи со проекција на филмови од фондот Манаки од страна на Кинотека, во Кино „Манаки“ во Битола.

 

Објавено од А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани