Интегрален текст од реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола
Во изминатите неколку месеци сведоци сме дека од страна на Претседателката на Совет, точки кои се предлагаат од страна на општинската администрација и Градоначалникот, воопшто не се ставаат на дневен ред со што се врши класична цензура и кршење на законот.
Поради ваквата ситуација голем број проекти за кои се добиени и грантови од општина Битола остануваат нереализирани и се закочени, исто така, отежнато е и функционирањето на јавните претпријатија.
На седницата на Совет
закажана за 07.03.2024 година повторно не се поставени неколку точки на дневен ред од страна на Претседателката на совет.
Поради ваквото деструктивно делување советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата ќе ги предложи следните точки на дневен ред.
1. Одлука за изменување за кофинансирање на проектот Smart4You2 (изградба на велосипедски патеки)
Оваа точка ја предлагаме со цел конечно одблокирање на проектот финансиран од ЕУ и Битола да добие велосипедски патеки.
2. Измена на програмата за развојни планови 2024-2026
Оваа точка ја предлагаме со цел измена на програмата и вметнување на објектот ПАРК за кој се добиени финансиски средства од Министерството за култура.
3. Одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Битола за 2024 година
Оваа точка се предлага поради тоа што во периодот 2017-2021 година во старскиот дом Сју Рајдер поранешната директорка не им ги исплаќала прекувремени работни часови и вработените преку судска постапка имаат судска одлука за нивно исплаќање. Доколку не се донесе одлука до 31.03.2024 година се доведува во опасност нормалното функционирање на институцијата и генерирање на дополнителни трошоци .
4. Финансиски план за работа на ЈП КОМУНАЛЕЦ БИТОЛА за 2024 година
5. План за работа на ЈКП ВОДОВОД БИТОЛА за 2024 година
6. План за работа на ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА за 2024 година
7. Инвестициона оперативна програма на ЈПСИЗ ЖАБЕНИ за 2024 година
8. Програма за работа за 2024 година на ЈППЈЛП БИТОЛА
9. Измена на програма за економски развој за 2024 година
Точките од реден број четири до осум кои се однесуваат на јавните претпријатија се предлагаат со цел непречено функционирање на јавните претпријатија.
Во изминатите две години општина Битола на чело со градоначалникот Тони Коњановски покажаа и докажаа дека сите конструктивни идеи од било која советничка група беа прифатени и реализирани како никогаш досега.
Доколку овие точки не бидат поставени на дневен ред и не бидат изгласани со кои ќе се одблокираат процесите во општина Битола очекуваме, дека сегашното мнозинството во советот на општина Битола од страна на СДС, ПОИНАКУ, ЛЕВИЦА, ДУИ и ДОМ да не ја усвојат завршната сметка на општина Битола и со тоа настапуваат услови за распуштање на Советот и организирање на нови избори.
Ги потсетуваме граѓаните дека сите претходни три квартали не беа гласани од погоре споменатите советнички групи. Прашањето кое сега легитимно се поставува што им е побитно на СДС, ПОИНАКУ, ЛЕВИЦА, ДУИ и ДОМ, проектите кои ги бараат граѓаните или паушалите и функциите?
Народот е тој што дава и зема легимитет, а не определени поединци кои лечат лични фрустрации на грбот на битолчани од само ним познати лукративни причини.
Советот мора да биде функционален и во служба на граѓаните.
Објавено од А.Б