Општина Битола активно работи на подобрување на патната инфраструктура
во сите делови на општината. Во тек е асфалтирањето на улиците во Горно
Оризари, каде се реализира проектот за реконструкција на 10 краци, во
должина над 2 километри, на кои покрај новиот коловоз, се врши
реконструкција и на канализационата мрежа и се поставуваат нови
водоводни приклучоци. Вкупната инвестиција за овој проект изнесува над
44.000.000 денари.
Вкупната должина на коловозот изнесува 2028,27 метри за што општината
инвестира 23.939.792 денари, а екипите на Нискоградба ја реконструираат
канализационата мрежа на трасата од 2504 метри, со вредност од
18.717.159 денари. За водоводната мрежа и околу 107 приклучоци, со
ангажираност на екипите на ЈКП Водовод, се инвестираат 1.706.663 денари.
Со реализацијата на овој голем инфраструктурен проект, кој се работи со
задоволителна динамика, значително ќе се подобрат условите за жителите
на Горно Оризари.