2win800x200

Директорот Граматковски вели дека „Стрежево“ е загубар од 2001

Јули 21, 2024
Методија Граматковски Методија Граматковски

„ЈП Стрежево„ е загубар уште од 2001 година, вели директорот на претпријатието Методија Граматковски, откако АПЛА.мк сподели информација дека „Стрежево е меѓу загубарите со загуба од 3,2 милиони евра за 2023 година, https://apla.mk/denes/item/15212-bitolsko-strezhevo-megju-najgolemite-zagubari-pretprijatieto-zavrshilo-so-minus-od-3-2-milioni-evra. Граматковски со претпријатието раководи во изминатите 7 години. 

-„Стрежево„ е загубар уште од 2001 година кога се пререгистрираше од хидросистем во ЈП (јавно претпријатите). Загубар е заради високата стапка на амортизација на основните средства. За да ги покрие трошокот на амортизација потребно е да основната суровина која ја користи а тоа е водата биде  со многу повисока цена, а не 1 денар за земјоделците и 6 денари за „Водовод“. Во моето раководење кога ќе се тргни стапката амортизација Билансот на успехот (реални прихиди и расходи) секогаш е позитивен и се движи од 20 до 40 милиони денари. Иако загубар на хартија редовно се исплаќа плата за вработен, К- 15, данок и се инвестира во претпријатието со капитални инвестиции, стои во реакцијата на Методија Граматковски, директор на ЈП „Стрежево“ Битола, испратена до АПЛА.мк 

 

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани