АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Покрај завршените проекти за рехаблитација на неколку регионални патни правци во општините Новаци и Могила, во наредниот период , со пари од државниот буџет, но и со средства обезбедени од меѓународни финасиски институции, се најавуваат и други проекти за подобрување на патната инфраструктура во овие две општини.
-Регионалот пат Битола-РЕК Битола во должина од 12 километри е изграден во рекордно време за само 2,5 месеци. Овој патен правец беше во исклучително лоша состојба. Исто така , рехабилитирани се и 6,5 километри од патот Рапеш- Старавина , а се надевам дека во најбрзо врме ќе се обезбедат средства и за останатите 2-3 километри, за комплетно завршување на овој патен правец. За 2019 имаме за цел да се реновира патот Кременица-Скочивир, а се надевам дека ќе бидат обезбедени средства од буџетот за следната година, рече градоначалникот на Новаци, Љубе Кузмановски, на денешната средба со министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и диекторот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.
Во општина Могила пак, завршена е реконструкцијата на дел од стариот пат Прилеп-Битола, кој поврзува трите општини, а неговата реконструкција ќе продолжи и следната година.
-Во изминатиот период во соработка со ЈП за државни патишта се реконструира и рехаблитара стариот регионален пат Битола-Прилеп, во должина од 2 километри, во износ од 10 милиони денари. Овој пат е од примарно значење за жителите од повеќе населени места, рече Јасминка Гулевска, гадоначалник на општина Могила.
Од ЈП за државни патишта велат дека инфраструктурните проекти ќе продолжат и во наредниот период.
-Во Новаци завршивме два серизони проект, а за следната година а градоначалникот ми најави дека ќе побара средства и за некои други патишта. Во М огила рехабилитиравме дел од стариот пат, Прилеп Битола, а во наредната година, уште во ран пролет ќе го довршиме од селото Вашарејца до Битола. Исто така, тука ми беше укажано дека е потребно да се изгради една клучка која ќе ги поврзува општините, а во овој период ќе се бара начин со стручни лица како тоа да се изведе, рече директорот на ЈП за државни патишта Китанов.
Министерот сугаревски, најави дека следната година на располагање на општините ќе бидат 170 милиони евра за инфраструктурни проекти и ги повика градоначалниците да аплицираат за искористување на овие средства.
-Преку Светка банка ќе се обезбедат средства во износ од 70 милиони евра, а покрај овој, имаме и уште еден проект преку Европска инвестициона банка, каде на располагање на општините за изградба на водоводни и канализациони системи ќе бидат 50 милион евра. Исто така има и 50 милиони евра што ќе ги обезбеди Владата на РМ, што значи внкупно на располагање ќе бидта 170 милиони евра, кои што ќе се користат за комуналната инфрструктура. Ја користам оваа прилика да испратам апел, општините да работата на проектите и да ги достават навреме до Министерството за транспорт и врски, рече Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски.