Повикот се однесува на доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Битола на реализација на активности од акцискиот план за развој на волонтерството, за организирање на волонтерски акции, а во насока на остварување на заложбите на Општина Битола за поддршка на
граѓанските организации во промоцијата и поттикнувањето на активизмот на граѓаните и нивната поголема вклученост во активности од суштествено значење за локалната заедница, како што е волонтирањето и општествената одговорност.
Волонтерските акции може да се реализираат на отворен или затворен јавен простор (училишта, градинки, детски игралишта, плоштади, паркови и сл.) и вклучуваат граѓани од различни целни групи (пол, возраст, етнички и социјални групи, професии и сл.). Идеи за волонтерски акции: расчистување, садење дрвја и зеленило, разубавување на јавни простори, цртање на мурали, изработка на клупи/маси од палети, средување на училишни дворови, бојадисување на огради, вело паркинзи, канти за отпадоци, поправки и бојадисување на клупи, детски реквизити во паркови и сл.
Временската рамка за спроведување на волонтерските акции е до 15 декември 2024 година.
Висината на финансиските средства кои ќе се доделат за организација за волонтерска акција изнесува најмногу до 30.000 денари.
Вкупниот фонд за поддршка на волонтерски акции е 300.000 денари.