2win800x200

Бараме тоа што ни следува според Колективниот договор - протест на Независниот синдикат за образование и наука

Септември 02, 2024

Бараме тоа што ни следува според Колективен договор и затоа испраќаме јасна и гласна порака дека е потребно и не смее да се одложува почитувањето на колективните договори во основното и средното образование, односно на Општиот колективен договор, изјави вечерва од Битола претседателот на Независниот синдикат за образование и наука Томислав Гиевски, објави nezavisen.mk

На вечерашниот протестен марш по Широк Сокак кој заврши на плоштадот Магнолија, Гиевски посочи дека е потребно час поскоро да се направи услогласување на платата согласно растот на минималната плата затоа што неможе само НСОН во 2024 година да не добие порамнување на платата.

 

– Не се откажуваме од предвидениот рок за исплата на плата кој мора да биде 10-ти во месецот затоа што така пишува во колективните договори. Не се откажуваме ниту од правата што се содржани во колективните договори и потребно е истите во целост да се почитуваат, посочи Гиевски.

Побара и трансфомација на работниот однос од определено на неопределено време за членовите на Синдикатот. 

– Апелираме сите институции да го почитуваат оОпштиот колективен договор, да се исплаќа јубилејна награда најдоцна до 31 декември, а ако не се почитуваат правата од потпишаните колективни договори, тогаш од 1 јануари 2025 година ќе покренеме постапки кои државата ќе ја чинат многу поскапо, рече Гиевски. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани