АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во спортската сала на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, децата со посебни потреби секој вторник и четврток, од 17.30-18.30 часот ќе изведуваат спортски активности, што воедно ќе подразбира нивно заедничко дружење.
Спортските активности, од кои најмногу е застапена кошарката, веќе трета недела се одвиваат во овој термин под водство на тренерот Мико Голубовиќ.
-Иницијативата за спортските активности на децата со посебни потреби беше поддржана од локалната самоуправа, која ги обезбеди средствата за да може два пати неделно да се одржуваат часовите. Спортските активности се наменети за сите деца со посебни потреби, без разлика на возраста, а секој следен час нивниот број се повеќе расте, велат од Општина Битола.
Од стана на локалната самоуправа, на децата со посебни потреби им се доделени по два сезонски билети за ракомет, супер лига за мажи 2018/2019, да ги гледаат натпреварите во присуство на родител.