2win800x200

ПОЛИЦИЈАТА ПУКАШЕ ВО ВОЗДУХ КАЈ селото Лажец - Дилер не застанал на предупредувањата, фрлил торби и побегнал

Јуни 17, 2026

Полициска акција кај Битола заврши со откриени 46 пакувања марихуана, откако непознато лице побегнало при обид да биде запрено од полициски службеници на патот меѓу селата Лажец и Граешница. Настанот се случил вчера oколу 18:45 часот, кога полициски службеници од СВР Битола, при извршување на службени дејствија, забележале лице кое не се придржувало на издадена наредба за запирање.

-На 17.06.2026 во 18:45 часот на потегот помеѓу селата с.Лажец и с.Граешница, битолско, при преземање на службени дејствија, полициски службеници од СВР Битола забележале едно лице, кое не застанало на издадена усна наредба да застане. Притоа, еден од полициските службеници испукал три предупредувачки куршуми во воздух, но лицето не застанало, фрлило торба и побегнало. По пребарување на теренот, биле пронајдени три торби со 46 пакувања марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, извести СВР Битола. 

 

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани