2win800x200

Зоран Стојчевски го избра новиот Извршен и Надзорен одбор на ОО на СДСМ Битола

Јуни 18, 2026

Зоран Стојчевски претседател на ОО на СДСМ Битола со акламација доби поддршка за  новиот Извршен и Надзорен одбор на  Општинска конференција на СДСМ Битола што се одржа вечерва во партиската сала. За секретар на ОО на СДСМ Битола е избран Дејан Србиновски, организациски секретари се  Димче Дамчевски и Борче Корлевски.

 

"Претседателот Зоран Стојчевски ги предложи членовите на Извршниот и Надзорниот одбор кои со акламација беа поддржани и изгласани од Делегатите на општинската конференција.

 

Специјални гости на конференцијата беа, Заменик претседателката на СДСМ - Фани Каранфиловска и Организацискиот секретар на СДСМ - Љупчо Фармаковски, објави ОО на СДСМ Битола. Надзорниот одбор го сочинуваат Дејан Стојков, Пеце Зуламовски, Нада Паскова, Славчо Дуковски и Ѓорги Ицков. Во Извршниот одбор се избрани членовите Благој Лазаров, Анета Сердарова, Весна Баковска, Ѓорги Ѓоргиевски, Бисера Петровска Аргиновска, Пеце Танчевски, Лидија Неделковска,  Андреј Гулабовски, Дијана Станковска, Дејан Србиновски, Катарина Каровска Дамчевски, Влатко Шеровски, Зоран Степановски, Валентина Стојковска, Омер Алиевски, Јулијана Силјановска, Васко Колевски и  Елена Пејчиновска. Текст Анета Блажевска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани