2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ОУ „Тодор Ангелевски“ се поврза со училишта од 33 држави ширум светот (Фотогалерија)

Декември 17, 2018

Целиот свет со своите убави страни култура, јазик, занаменитости влезе во училниците на Основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола. Училиштето девет недели беше дел од интернационалниот проект „Волшебна интеркултурална мрежа на пријателството“ преку кој се поврзаа училишта од 33 држави ширум светот со преку десет илјади ученици. Проектот го покрена учителката Жељана Радојичиќ Лукиќ од Бања Врујци, а се приклучија многу училишта преку реализација на повеќе наставни задачи што ги поврзаа децата ширим светот без разлика на вера, нација, боја на кожата, јазик и други особености.Нивните оригинални активности можат да се проследат преку социјалните мрежи на линкот https://www.facebook.com/groups/501716083677556/?fref=nf

 

„Во прва задача ги истражиме државите во кои работат најдобрите наставници во светот. Потоа воведовме делови од светот во нашата училница со тоа што преку истражување се запознавме со знаменитостите на Италија, Мексико, Турција, Австралија, Индија, Бразил, Норвешка, Словенија, Белгија, Шпанија. Третата задача ‘Kнига со волшебни зборови’ за нас беше вистински предизвик да ги преведуваме волшебните зборови: здраво, повели, молам, извини, благодарам, пријатно, те сакам на различни светски јазици“, вели наставничката Весна Гагаловска од ОУ „Тодор Ангелевски“.48365498 306879316607985 6809134829162987520 n

Од истото училиште во проектот беа вклучени и наставниците Јагода Мамузиќ, Лидија Стерјов, Татјана Чапкуновска, Слаџана Бојаџиева, Мирјана Кимева, Бисера А.Петровска, Гордана Георгиевска, Снежана Тасевска и нивните ученици. Активностите што го спроведоа имаа основна цел запознавање со културата, обичаите и останатите карактеристики на државите учеснички во овој проект и прифаќање на разликите.48356351 382234565679669 5599063613542236160 n

„На интернет подготвиваме и таканаречена ‘Волшебна мапа на светот’, во која со голем интерес учениците истражуваа за континентите и ги бележеа нивните знаменитости, така беа направени повеќе мапи со поврзување на истражуваните континенти. Големиот предизвик беше учениците да направат мапа и со нашиот град. Потоа следуваше ‘Наша волшебна мапа на пријателство’ па комуницираа со другарчиња од други држави по пат на допишување со писма, е- маил, скајп, вибер, месинџер при што стекнавме многу нови пријателства за кои веруваме дека ќе се негуваат и во иднина’, додаде Гагаловска.

Голем интерес кај учениците предизвика и пишувањето на писма до непознато другарче, пракса што се применуваше пред дваесетина години, а во последните години изумре.

„Учениците беа многу задоволни, отидовме на пошта и ги пуштивме писмата. Тие самите ги ги адресираа до непознато другарче, по број во дневникот. Многу од децата одамна немаа пуштено честитка и писмо, а некои воопшто немаа влезено во пошта, па учевме како да се адресираат, на која страна. Ова им беше многу интересно, ги украсуваа писмата, ги лепеа, адресираа и беа многу радосни“, велат наставниците.48368193 478174336039954 5517120830150017024 n

Целата акција доби и хуманитарна мисија. Учесниците изработија перничиња со апликации на странски држави, а од собраните средства донираа прибор според потребите на „Порака“ Битола- Здружение за подршка на лица со интелектуална попреченост. Во соработка со наставничките Сузана Малчева од OУ ”Гоце Делчев” – Неготино и “Даниела Ѓорѓиовска” од ОУ “Joaким Крчовски” – Кр. Паланка се изврши и донација за Нина Димитриовска.

„Среќни сме и веруваме дека успеавме да исплетеме доволно силна пријателска мрежа и дека со своите нови другарчиња ќе останеме во контакт и во иднина, дека еден ден не само виртуелно ќе се сретнеме и реално, заедно ќе се дружиме, ќе се радуваме, ќе соработуваме“, велат учесниците во прокетот.48368856 215073559403009 199997454240710656 n

48369345 351422102353464 8454528807326449664 n

48372571 1959205371051629 6011184473125683200 n

48379976 276479666403654 3374927692800458752 n48386884 207173770201492 6554371327807979520 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани