АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Адвокати ангажирани во имплементацијата на проектот „ Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи“ финансиран со средства од Европска Унија ги едуцираа жителите на општина Новаци.
Целта на проектот е зајакнување на пристапот до правда на најранливите категории на граѓани со што ќе се придонесе кон правно зајакнување , подобрување на законодавството и имплементација на постоечките механизми кои се однесуваат на пристапот до правдата.
Проектот опфаќа серија активности и тоа: правно советување од страна на мобилни тимови, локални настани на правна свесност на локалното население, стратешко застапување во предмети кои се однесуваат на пристап до правда, активности за подобрување на законите, нивна примена и политиките кои се однесуваат на пристапот до правда.
На обуката беа присутни околу 30 лица од разни целни групи, категории на граѓани и разни возрасти.Поставија прашања од правен карактер на кои добија соодветни одговори и совети од страна на стручните лица.
По спроведувањето на проектот се очекува да се постигнат неколку резултати и тоа:
- обезбедени 1920 правни совети за правните проблеми и прашања кои ги засегаат граѓаните со ниски приходи и нивните семејства,
- зголемена свесност и познавање од областа на правото со спроведување на 64 локални настани за правно описменување на локалното население,
- преглед на имплементацијата на важечкото законодавство кое се однесува на пристап до правда преку изготвување на два годишни извештаи за 2017 и 2018 година со користење на индикатори развиени од Европска унија, и
- подобрена законска рамка од областа која се однесува на пристап до правда преку поднесување на предлози и иницијативи.
Проектот започна да се имплементира на 1 јануари 2018 година, а ќе трае до 31 август 2019 година.