АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола вчера се одржа и вториот форум од серијата регионални форуми кои се реализираат во рамките на проектот: ”Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” финансиски поддржан од страна на Министерство за локална самоуправа и Швајцарска Агенција за развој и соработка (SDC). Од предвидените четири форуми останаа уште два кои ќе се реализираат во наредниот период.
Согласно насоките од грантовата шема области на интервенции се: туризмот, животната средина, бизнис инфраструктурата и социјалната инклузија. Имено на овие регионални форуми на претставниците од јавниот, невладиниот и бизнис секторот ќе им се овозможи преку партиципативен и транспарентен процес на работа да предложат и изберат регионален проект во износ од околу 80.000 евра. Проектот треба да ги исполнува критериумите и барањата на донаторот и да одговара на потребите на регионот.
Откако ќе се идентифицира и изработи квалитетен регионален проект согласно насоките, ќе се аплицира до донаторот и по неговото одобрување Центарот за развој на Пелагонискиот Плански регион ќе го имплементира во текот на 2019 година.
Со реализацијата на проектот ќе се придонесе кон одржлив, рамномерен и инклузивен регионален развој на регионот, што всушност ќе претставува и краен резултат на серијата регионални форуми.