Webp.net gifmaker

Струките градежен и архитектонски техничар во „Таки Даскало“ нудат стручен кадар каков се бара на пазарот на трудот

Мај 11, 2021

СОУ “Таки Даскало” – Битола, последните години, отвори два нови профили во рамките на градежно-геодетската струка, градежен и архитектонски техничар, кои на учениците не само што им нудат атрактивни занимања кои се барани на пазарот на трудот, туку им нудат и занимања кои ќе им овозможат добро да заработуваат и да отворат сопствени бизниси, соопштија од „Таки Даскало“.

„Градежништвото доживува вистинска експанзија последните години. Со развитокот на техниката и технологијата, денес забрзано се градат современи објекти, па затоа на пазарот на трудот се наметна потребата за стручен кадар, градежни и архитектонски техничари и инженери, кои се директни учесници во процесот на проектирање и изградба на објектите, објекти кои остануваат во наследство на идните генерации и ќе сведочат за успесите на денешните генерации“, велат од училиштето.

Овие струки им нудат на младите загарантирана работа и солидни приходи, стипендии од градежни фирми во текот на средното и високото образование, стекување солидни знаења кои ќе им овозможат предност при упис на престижните факултети како Градежен, Архитектонски факултет и на останатите технички факултети. Во текот на школувањето учениците имаат можност да се стекнат со одлични стручни знаења од високо квалификуваните наставници кои се градежни и архитектонски инженери и кои ќе им овозможат совладување на наставниот материјал во најсовремено опремени кабинети, со најсофистицирана компјутерска опрема, софтверски лиценцирани програми како AutoCAD, TOWER-Radimpex, “паметни” табли, инструменти и други нагледни средства, со што ќе стекнат вештини и компетенции за комплетна изработка на проектна документација и реализација од идеја до проект.

Исто така, преку изведување на практичната настава на градилишта, на кои градежни активности изведуваат реномирани компании во градежништвото кај нас, имаат можност директно и непосредно да учествуваат во процесот на изградба и изработка на техничка документација. Учениците од СОУ “Таки Даскало“ се вклучени во изведбените активности на градежните компании како а.д Гранит при изградбата на Градскиот стадион “Под Тумбе кафе“, станбено-деловниот комплекс АРИА”, каде изведувач е Лапор инжинеринг - Областа, Стентон и други компании, каде имаат можност директно и непосредно да се стекнат со потребните компетенции и вештини од градежната и архитектонската струка..

По завршувањето на четиригодишното образование учениците се стекнуваат со диплома градежен или архитектонски техничар и се оспособени самостојно да работат во градежни фирми, проектански бироа, на градилишта како одговорни лица, во фабрики за производство на бетон, лаборатории за испитување на квалитетот на бетонот и во секоја фирма каде што содржат градежни работи, а тие што сакаат да студираат стекнуваат солидна основа за студирање на Градежниот, Архитектонскиот факултет и останатите технички факултети и предност при упис на овие факултети. Дипломата градежен и архитектонски техничар и дипломиран градежен и архитектонски инженер, е меѓународно призната и барана, така што учениците можат да го остварат својот сон во и надвор од границите на нашата држава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани