2win800x200

Васко Ковачевски отпочнува хуманитарна акција за санација на Хируршкото одделение во болницата

Јули 09, 2019

Под мотото  „Биди Хуман“, Васко Ковачевски, инаку актуелен директор на РЕК-Битола, ја започнува кампањата за реконструкција на Одделението за хирургија во Клиничката болница во Битола. Тој со своите најблиски, со свои средства  ќе ја помогне санацијата  на ова одделение, а очекува во хуманитарната акција да се вклучат и негови роднини, пријатели и други поединци кои сакаат да помогнат.

Во оваа фаза ќе започне санацијата на машкиот оддел во хируршкото одделение, каде ќе се променат болничките кревети, ќе се бојадисаат собите,  ќе се постави ново осветлување, потоа се предвидува и санација на санитарните јазли, како и нов инвентар за лекарските соби.

Во следната фаза ќе се реновира женскиот оддел на хирруршкото одделение, а Ковачевски вели дека оваа акција под мотото „Биди хуман“ в оиднина ќе продолжи и во останатите одделенија во болницата, но и во други установи, школи, градинки, домови за стари лица, секаде каде што е потребно, а не е предвидено во брз рок преку програмите на институциите.

Менаџерскиот тим на Клиничката болница во Битола, пред почетокот на реновирањето на Хируршкото одделение ќе направи анализа за моменталната сосотојба и она што треба да биде опфатено со оваа хуманитарн акција.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани