АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На реакцијата на ПСК „Пелистер“ за одземање на сопственоста на планинарскиот дом „Копанки“, соопштение до медиумите испратија и од Општина Битола.
„Донесувањето на Решение за делумно поништување на претходно донeсеното решение со кое сопственоста на објектот „Копанки“ е утврдена на ПСК „Пелистер“, не претставува никаков обид за влијание и притисок. Напротив, значи спроведување на законска процедура која произлегува од Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Решението е донесено по целосна анализа од страна на стручните служби на Општина Битола на процесот на легализација на домот „Копанки“. Стручните служби заклучија дека Решението со кое е утврден правосилниот статус на домот Копанки е делумно ништовен. Во водената управна постапка е утврдено дека е прекршен Законот за постапување со бесправни објекти, во делот на впишување на сопственост.
Целата постапка е водена во функција на интензивирање на обновата на опожарениот дом, бидејќи досегашната динамика не дава сигурност за целосно завршување на процесот. Целта на локалната самоуправа е со доенсување на ова Решение и со конкретно испланиран буџет да се инвестира во планинарскиот дом „Копанки“. Токму моралната одговорност е една од причините за инвестиција во објектот „Копанки“, кој што е во интерес на сите граѓани. Општина Битола ќе ги почитува одлуките на органите и институциите во државата. „Копанки“ бил и ќе биде на битолчани!“ се наведува во соопштението на Општина Битола