2win800x200

КОНЦЕРТИ ЗА ПАМЕТЕЊЕ НА ХОРОТ НА СЛОВЕНЕЧКОТО ЗДРУЖЕНИЕ ТРИГЛАВ ВО СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА

Септември 29, 2019

Со овации од публиката беа испратени хористите од хорот на Словенечкото здружение Триглав од Битола, при нивните минатонеделни настапи во Нова Горица во Република Словенија и Ријека, во Република Хрватска. 

received 777360889411834

Хорот, во кој членуваат музички ентузијасти, под диригентство на проф.Марина Коруновска, првиот концерт го одржа во словенечкиот град Нова Горица, каде што дел од публиката во преполната сала стоечки го проследи настапот, а потоа хорот, по овациите, изведе неколку точки на бис.

Вториот концерт на членовите на хорот на здружението Триглав, исто така беше проследен со огромно внимание од публиката во Ријека, која беше воодушевена од изведените композиции и енергичниот настап на хористите, по што беа вратени со неколку точки на бис

received 418782525433093

Хористите и членовите на здружението Триглав  посетија различни знаменитости во двете земји и споделија прекрасни моменти во дружба, песни, ора и смеа со своите домаќини во Нова Горица и Ријека.

received 443951666472645

Патувањето во Словенија и Хрватска беше реализирано со поддршка на Канцеларијата на Владата на Република Словенија за Словенците во соседството и светот, Општина Битола, ЈКП „Водовод“, КЈП „Нискоградба“ и ЈП „Пазари“.

received 2365570063683192

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани