2win800x200

„Конструктиви, а не лицемерни на дело“- им порача Костурска на советниците кои не го поддржа одблокирањето на училиштата

Септември 30, 2019

Власта доби поддршка од независните советници од Поинаку за годишните програми за работа на битолските основини и средни училишта и за вработувањата по училиштата, додека советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против.

 

На денешната седница на Совет советничката на СДСМ  Жаклина Наумовска кажа дека пред нецели две години училиштата во Битола должеле  4, 3 милиони евра, за сега Општината со помош на Владата да ги одблокира училиштата.

-Во вакви услови и не услови директорите на училиштата со помош на Општината се справуваа со цел да не трпи наставата за што потврдуваат извештаите за работа за 2018 година. По две години долгот е намален, сметките на училиштата се одблокирани и  е покриен долг од 3 милиони евра.Со парите кои Општина Битола ги исплати за наследените долгови можеше да направи големи инфраструктурни зафати, реконструкција на кровови, замена на дограма санирање на тоалети и слично, но Општината ги отплатуваше долговите  и вложуваше и во инфраструктура и во нагледни средства и друго. Само лани општината вложи 2, 2 милиони денари во училиштата, а во тек се зафати за санации во висина од 4, 3 милиони и денари, рече  Наумовска.

Од Поинаку со поддршка за работата на училиштата.

-Како советничка група ќе гласаме за сите извештаи и програми  и за сите програми за вработувања  во училиштата. Досега во овој Совет до директорите бевме известувани дека училиштата не моќта  да функционираат бидејќи се блокирани, затоа упатувам апел на оваа седница, ја добивате поддршката , но во првиот момент кога ќе добиеме информација дека од учениците се собирате пари за копирање ,за средства за дезинфекција и слично, јас ќе бидам првата која ќе зборува против ваквиот начин на работа, рече Габриела Илиевска од Поинаку.

Според Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ опозиционите советници не гласале за извештаите за училиштата и одблокирањето на сметките бидејќи власта не им  кажала што од она што ветила исполнила. 

-Зошто ќе гласаме против овие извештаи и годишните програми ? Фер и коректно е од ваша страна да кажите што сте ветиле, што се исполниле и зошто не сте исполниле, рече Тошевски.

Накрај Емилија Костурска советник на СДСМ им порача на опозиционерите што не ги поддржаа програмите да бидат на дело конструктивна опозиција и да го поздрават решавањето на долгогодишниот спор со блокираните училишта .

-Она што се бара од вас да бидете  конструктивни на дело , а не лицемерие на дело. Да го поздравите одблокирањето на училиштата. Вие ги блокиравте. А што беше ветено, дека ќе ги стабилизираме училиштата со враќање на најголем дел на долговите и тоа го направивме, рече Костурска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани