АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески при посетата на Општина Могила направи увид на тековните проекти од оваа година како и реализираните од 2018 година. Градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска го запозна заменик министерот како течат работите на лице место, а особено внимание предизвика изведбата на мултифункционален објект во населеното место Ивањевци.
-Реконструкција на улици во Могила 2.077.843,00 денари
-Изработка на техничка документација - проект и ревизија на Канализациона мрежа со пречистителна станица во Добрушево и Ивањевци 645.157,00 денари
-Изградба на канализација со пречистителна станица во Ивањевци 5.101.000,00 денари
-Изградба на мултифункционален објект во Ивањевци 5.328.800,00 денари