АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЈП "Стрежево" - Битола спроведе акција за чистење на делот околу вливот во акумулацијата Стрежево. Од таму апелираат до граѓаните за совесно и правилно да манипулираат со својот отпад, со цел да се спречи создавање на диви депонии, да се сфати пораката дека заштитата на животната околина зависи од сите нас, изјави Методија Граматковски, директор на претпријатието.
- Несомнено состојбата налагаше изминатиот период да немаме масовни акции за чистење, туку тоа да го вршат теренските екипи во претпријатието кои се директно надлежни и задолжени за заштита на водите. Со овие акции очекуваме значително да се подобри состојбата со непрописното одложување на отпадот, намалување на неговото штетно влијание и подигнување на еколошката свест на граѓаните.
Очекуваме преку оваа акција да ја разбудиме свеста на граѓаните и месните жители, да не го оставаат ѓубрето крај самата акумулација и да водат повеќе грижа за да биде зачуван овој бисер од непроценлива важност за сите нас, вели Граматковски, директор на ЈП „Стрежево“.