2win800x200

„Пазари“ со ново работно време

Април 24, 2020

Им се соопштува на сите физички и правни лица кои се корисници на услугите на ЈП “Пазари” Битола дека работното време на пазарите во Битола е од 06:00 до 18:00 часот секој работен ден од понеделник до петок.
Во Сабота работното време е од 06:00 часот до 14:00 часот.

Исто така кризниот штаб на Општина Битола на денешниот состанок донесе одлука за отварање на сите влезови во пазарот.

Според новата законска уредба на Владата, задолжително е носењето на маска или марама.

Кризниот штаб ја следи состојбата и мерките ќе ги креира согласно потребите што ќе се појават.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани