АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Два дена по ред концентрацијата на загадувачките материи во Битола е над дозволените граници на двете мерни станици, Битола 1 и Битола 2, со што надминат е прагот на информирање, а општината на својата официјална веб страница ги објави препораките
Согласно Уредбата за надминување и надополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на гранични вредности, маргини на толеранција за гранични вредности, целни вредности и долгорочни цели (Сл.весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017год) во која е дефиниран прагот на информирање на суспендирани частички со голенина од 10 микро метри (надминување на вредноста од 100µg/m3 во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат во мерните места Битола1 и Битола 2
За период | Битола 1 | Битола2 |
25.12.2017 | 127µg/m3 | 116µg/m3 |
26.12.2017 | 214µg/m3 | 180µg/m3 |
Препораки до граѓаните при надминување на прагот на информирање се следниве:
Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ ги даваат следните препораки: