2win800x200

На денешен ден е роден Гавро Пановски Јуноша

Јуни 06, 2020

Во 1923 година, во селото Раково, Егејски дел на Македонија, е роден Гавро Пановски-Јуноша, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Во 1941 г., како ученик во гимназијата во Битола стана член на југословенската младинска комунистичка организација (СКОЈ). Учествува во многу акции на скоевците, меѓу кои и во акции за растурање на летоци против бугарската окупаторска власт. 

Какоу ученик во седми клас замина во партизани и е борец во првиот борбен строј на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“. Со овој одред учествува во акцијата на 2 август во селото Смилево. На 22 октомври 1942 г. учествува во партизанската акција во селото Сопотско, Ресенско.

Во 1942 г. е член на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ), респектибилно на КПМ. Од ноември 1942 г. борец во Партизанскиот одред „Јане Сандански“, со кого учествува во акцијата со која бил извршен напад врз железничката станица кај селата Српци и Беранци.

Зимата 1942 и 1943 г. на партиска работа во Егејскиот дел на Македонија, а пролетта 1943 г. се вклучи во Партизанскиот одред „Вичо“ на грчката народноослободителна војска ЕЛАС. Заедно со тамошните македонски и грчки партизани учестува во борбите против пробугарските и профашистички контрачети и грчките националистички и квинслишки воени формации во Леринско и Костурско. 

Од мај 1943 г. се наоѓа во Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“, а од таму набрзо е земен за курир на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанскиоте одреди на Македонија. Учествува во завршните операции за ослободување на Македонија. По војната заврши Правен факултет и во 1954 г. положи правосуден испит. Зазема високи општествени и политички функции, а од 1983 г. до пензионирањето во 1987 г. е претседател на Општинскиот суд на здружен труд во Битола. Член на Претседателството на Сојузот на борците во Битола, претседател на Здружението на пензионери во Битола, а од април 2005 г. избран за претседател на Републичкиот одбор на Сојузот на борци на Македонија. Носител на низа признанија, меѓу кои и „Партизанска споменица 1941“ и „Орден за храброст“.Почина во Битола на 28 март 2014 г.

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани