2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Полицијата редум ги казнуваше пазарџиите за неносење заштитни маски

Јуни 08, 2020

 

За неносење заштитини маски или марами полицијата денеска казнувала и во Градскиот зелен пазар во Битола, и тоа не само купувачи, туку и продавачи, дознава Апла.мк. Голем број на  граѓани кои денеска пазарувале влегле во Градскиот пазар незаштитени иако на самите влезови се поставени табли дека без заштита на устата не смее да се влезе  на пазарување. Па така полицијата имала полни раце работа и редум казнувала се што затекнала без маски. Очевидци велат дека продавачите без заштитни  маски  се криеле под тезгите и зад столбовите.

ЈП„Пазари“ кое стопанусува со Градскиот пазар веќе неколку дена со ред им дели маски и на пазарџиите и на продавачите, но од таму велат дека  пазарот е најфреквентното место во градот па невозможно е да се обезбеди маска за секој посетител кој ќе влези незаштитен.

-Точно е дека денеска полицијата казнуваше во Градскиот зелен пазар, ние како јавно претпријатие  постојано сме активни и делиме заштитни маски на пазарџиите и на продавачите, но верувајте бројката на посетители на пазарот е во просек по 6000 граѓани на ден и невозможно е за сите да набавиме и да поделиме маски. Сепак одговорноста е на самите граѓани, да ги почитуваат мерките препорачани од здравствените власти. Во текот на изминатиот период добивме многу донации од маски и нашите вработени постојани ги делат, но пак ќе кажам граѓаните се тие што треба да бидат совесни и да се придржуваат на препораките. Утре е пазарен ден и затоа ќе апелираме до пазарџиите да не влегуваат  без заштитини маски заради нивното  здравје ни и заради  колективното здравје. А ние како јавно претпријатие и утре ќе поделиме дел од донираните маски, рече директорот на ЈП „Пазари“ Владе Атанасовски за Апла.мк. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани