АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерот за земјоделство Трајан Димковски денеска присуствува на порибување на Стрежевското Езеро. Водите на акумулацијата се порибуваат со пастрмка и крап.
-ЈП Стрежево денеска порибува со калифорниска пастрмка и крап, односно имаме 1000 единки од крап и 5000 единки на пастрмка. Ова порибување ни е дел од годишниот план од МЗШВ. Сакам да искажам благодарност што на порибувањето присуствуваа министерот Димковски и градоначалничката Петровска, директорот на Државниот инспекторат за земјоделие Шапуриќ како и останатите гости. Задоволството е големо и кај спортските риболовци, рече директорот на ЈП Стрежево Менде Граматковски.
Градоначалничката Петровска истакна дека соработката на ЈП Стрежево со Општина Битола е одлична и сега заеднички се работи на разгледување на можностите за користење на техничка вода во рамките на самиот град.
- Упатувам честитки до раководството на ЈП Стрежево бидејќи денешниот ден покажува дека не само што користиме од природата, туку и враќаме назад кон неа, рече Петровска.
Министерот Димковски рече дека ХС Срежево е повеќенаменски систем со кој се наводнуваат околу 5 илјади хектари земјоделско земјиште, но истовреме со овој систем со сирова вода се снабдува и битолски „Водовод“, а се прозведува и електрична енергија од 4 мали хироцентрали.
-Акумулацијата Стрежево претставува рекреативна зона каде во убавата природа уживаат жителите на околните места, но и спортските риболовци.Концесијата за управување со водите од минатата година е во надлежност на ЈП Стрежево. Тие ја оправдуваат довербата и се грижат за рибниот фонд , управување и стопанисување со акумулацијата. Јавното претпријатие со сопствени средства обезбеди подмадок кој денска заедно го пуштивме во овие води, што значи заштита на животната средина , спречување на еколошки проблеми, рече Димковски.