ОК на ВМРО ДПМНЕ во Битола денеска на прес конференција побара одговор на неколку прашања од првиот човек на ЈП „Водовод“ Битола Горан Козаров, кој воедно е и кандидат за пратеник на СДСМ на престојните парламентарни избори.
-Горан Козаров, кандидатот за пратеник и неколкугодишен директор на ЈП Водовод на денешната седница на Советот на Општина Битола, треба да објасни колку во овие околности ЈП Водовод има неопходна потреба од нова административна зграда или тоа е само приватизирање на јавното претпријатие во неговата партиска пратеничка кампања. Дали е точно дека за раководител на сестринската фирма на ЈП Водовод, ДООЕЛ ХЕП Битола, го назначи лицето Оливер Сливовски, без спроведена транспарентна постапка, а само заради тоа што се во кумовска врска?, рече Стефанија Најденовска, портпарол на ВМРО ДПМНЕ Битола.