АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во тек е реконструкцијата на улица „Илинденска“ на потегот од улицата „Наум Наумовски Борче“ до „7 Јули“, претходно се работеше и на други два потега од една од најдолгите и најфреквентни сообраќајници во Битола. Улицата е долга 2,1 километр, а санацијата на оваа улица ќе ја опфати примарната и секундараната канализациона, водоводна мрежа и коловозот, а вакви темелни зафати на оваа сообраќајница не се спроведени повќе од 40 години. Од општинскиот буџет издвоени се со 32,7 милиони денари или над 500 илјади евра.