АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со изработка на мурал на фасадата на киното „Партизан“ во Битола се отвора годинашната програма на јубилејното, 15. издание на АКТО фестивалот за современи уметности во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат (ФР~У) . Автори на муралот се КУРС колективот од Белград, изработката на муралот е во продукција на ФР~У во партнерство со Народен Театар Битола.
Овој мурал, како што соопштија организаторите, е дел од серијата мурали кои деновиве се изработуваат во уште шест други градови во земјава и тоа во Штип, Прилеп, Велес, Кочани, Гевгелија, Скопје. Автори на муралите се: Јана Јакимовска, Миле Ничевски, Ненад Тонкин, Ристо Аврамовски, Филип Јовановски, Владимир Милиќ и Давор Кешкец и се реализираат во соработка со Гласен текстилец, Штип; БОШ Фестивал, Гевгелија; Културно ехо, Скопје; Центар за современи ликовни уметности ЦСЛУ-Прилеп и Јавен Простор – Прилеп; Народен Театар Битола; Дом на Култура Ченто; Општина Гази баба; Општина Велес, Општина Кочани и Дом на Култура Бели Мугри – Кочани.
– Овој зафат, кој се протега на површина од околу 600 метри квадратни и тоа паралелно во седум градови е концепт, кураторство и организација на Филип Јовановски, извршен продуцент е Ненад Тонкин, а во продукцијата се вклучени и Марија Стојанова, Кристијан Караџовски, Денис Ампев, Александар Јовановски и Ивана Васева, се вели во соопштението.