2win800x200

Кандидатите за пратеници во Битола најмногу делат маски

Јули 02, 2020

 

БИТОЛА – Во делење маски поминува кампањата за предвремените парламентарни избори во Битола. Кандидатите за пратеници речиси секој ден делат маски на фреквентни улици и во термини кога граѓаните се најраздвижени, пазаруваат или пијат кафе на Широк Сокак.

Па кандидатите наместо да ги промовираат своите програми ги советуваат и потсетуваат граѓаните за протоколите и препораките на здравствените власти за самозаштита од корона вирусот. Објаснуваат како ќе тече процесот на гласање под маски и зошто нема простор за стравување. Некои локални портали делењето на маски од пратениците дури го нарекоа „традиционална активност“ или „препознатлива активност“ на кандидатите за пратеници во делење заштитни маски за битолчани.

Едноставно без видлив концепт, тема и енергија тече кампањата за предвремените парламентарни избори во Битола, пишува Независен.мк

А.Б

Целиот текст прочитајте го тука 

https://nezavisen.mk/kandidatite-za-pratenici-vo-bitola-najmnogu-delat-maski/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=kandidatite-za-pratenici-vo-bitola-najmnogu-delat-maski

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани