Да се дозволат веселби и свадби, побараа свадбарските работници

Јули 02, 2020

Свадбарските работници од Битолаизлегоа на мирен протест на Широк Сокак барајќи од државата да ја укине забраната за семејни веселби и свадби и да донесе протоколи за нивно одржување. На протестот излегоа угостители, музичари, фотографи, цвеќари, лица кои пружаат кетеринг услуги, слаткари, златари и други дејности поврзани со свадбите. Тие се пожалија дека четири месеци немаат земено ни денари и дека ќе им пропаднат бизнисите. Ако ја пропуштат оваа сезона на свадби, ќе останат и без годинешната заработувачка. 

„Зошто концертите да бидат ослободени, фактички во полза на самите организатори, додека ние музичарите кои егзистираме од оваа работа и мометално сме на работ на егзистенцијата, една година наназад чекаме за овие свадби и веселби, сега не може да се најде начин во пресрет да ни се излезе. Има музичари кои работат дополнително други работи, но има такви кои егзистираат само од свадби и веселби“, рече Заит Алиу, иницијатор на неформалната група Свадбарски работници.

Тие испратија писма со брања до Владата, Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство. По нивни проценки во земјава има над 20 000 музичари, а годишно се прават по 15 000 свадби, од кои најголемиот дел преку лето и сега се откажани.

„Сега сме сведоци дека се одржуваат веселби и свадби во викендици каде има концентрација на луѓе на мал простор, каде условите хигиенси и вентилацијата се под нивото на рестораните. Угостителите се подготвени да донесат и дополнителни модификации на просторот за да го исполнат протоколот. Мислиме дека свадбите не се голем ризика за вирусот, бидејќи луѓето кои не ја почитуваат дистанцата се најчесто од иста фамилија, живеат во ист дом, работат на исто работно место, исто друштво, кои не само на свадбата туку и во секојдневниот живот се заедно и се дружат“, рече Благој Мустриковски.

PROTEST 2

протест 5

PROTEST

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани