2win800x200

Тројца новозаболени од КОВИД-19 денес во Битола

Јули 14, 2020

Во Битола денеска се регистрирани 3 нови случаи на заболени од КОВИД-19, со што вкупната бројка на заболени се искачи на 74.   

Во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на Ковид-19.

- Скопје 76
- Куманово 6
- Дебар 2
- Штип 6
- Прилеп 1
- Тетово 13
- Струга 7
- Битола 3
- Охрид 1
- Кавадарци 1
- Гостивар 10
- Гевгелија 1
- Македонски Брод 1
- Кратово 1
- Свети Николе 2
- Кичево 3
- Ресен 1

Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, од Тетово, од Охрид и еден пациент од Кичево.

Институтот за јавно здравје, денеска, регистрира 142 оздравени лица.

- Скопје 68
- Штип 3
- Прилеп 1
- Тетово 15
- Струга 15
- Охрид 15
- Гостивар 7
- Крива Паланка 1
- Кочани 1
- Пробиштип 1
- Кратово 5
- Свети Николе 6
- Ресен 4

Во земјата досега се направени вкупно 79.392 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамки на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почеток на епидемијата изнесува 8.332 лица, бројката на оздравени пациенти е 4.468, на починати е 389, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.475 лица.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани