2win800x200

Мотоциклист од Битола тешко повреден при судир со трактор во Преспа

Јули 22, 2020
 36 годишен битолчанец се здобил со тешки телесни повреди при судир на неговиот мотоцикл со трактор на крстосница во Преспа
 
 
 Сообраќајната несреќа се случила на  21.07.2020 во 13.25 часот на регионален пат Макази-Маркова Нога, на крстосница за село Долна Бела Црква, ресенско, помеѓу трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки, управуван од Ж.И.(78) од с.Курбиново, ресенско и мотоцикл „бмв 1200“ со битолски регистарски ознаки, управуван од  А.О.(36) од Битола, информираат од СВР Битола
 
По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Клиничка болница Битола каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.
 
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициско одделение Ресен.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани