АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Емилија Јошевска од УМС на ВМРО ДПМНЕ Битола ќе ја замени во Советот на Општина Битола досегашната советничка Олга Лозановска која стана пратеник во Собранието на Р.С.Македонија. Јошевска на листата за советници е на 13 место, но правило во Советот е да се почитува родовата еднаквост, па ако замине жена да се надополни советничката група со жена.
На веќе закажаната седница на Советот на Општина Битола на 11 август, Советот ќе констатира престанок на мандатот на досегашниот советник Олга Лозановска заради неспоивост на функцијата член на Советот и пратеник, потврдува претседателот на Советот Валентин Груевски.