2win800x200

Се гради фотоволтаичната централа во РЕК Осломеј

Август 27, 2020

 

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, оствари работна посета на РЕК Осломеј, Кичево. Ја посети локацијата на која што треба да биде изградена фотоволтаичната централа, прва во сопственост на АД ЕСМ. Подготвителните работи за изградба на фотоволтаикот се во тек и полека пристигаат потребните материјали.

Реализацијата на овoј исклучително значаен проект за Државните електрани продолжува и покрај предизвиците што ги наметна пандемијата со Ковид 19 и политичките случувања во земјата.

Според развојната стратегија на АД ЕСМ на површини во рудникот на РЕК Осломеј, предвидена е изградба на две фотоволтаични централи. Ист таков капацитет од обновливи извори на енергија ќе се гради и во РЕК Битола. 

           

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани